Актерот Шон Пен тајно се ожени за својата колешка Лејла Џорџ, која е триесет години помлада, со кого е во врска од 2016 година, јавуваат странските медиуми.

Имено, веста за нивната свадба ја сподели Ирена Медавој, сопругата на продуцентот Мајк Медавој, која честиташе на парот на Инстаграм.

„Презадоволни сме што Лејла Џорџ и Шон Пен се венчаа. Ве сакаме“, рече таа.

Патем, славниот актер беше оженет со Мадона и актерката Робин Рајт пред Лејла, со кого има ќерка Дилан Францис и син Хупер Џек.

Слични содржини