Ливерпул и Тотенхем одиграа 2: 2 во драматичен меч на Енфилд. Тимот на Јирген Клоп водеше на одморот со голот на Мохамед Салах, кој реализираше во третата минута. Во вториот дел, гостите ја намалија предноста и дојдоа до изедначување по фантастичен удар на Виктор Вањама, кој се појави како резерва.
Во последните минути судијата стана главен актер. Прво досуди пенал за тимот од Лондон, иако неговиот помошник го информираше дека Хари Кејн бил во офсајд пред прекршокот. Сепак, стрелецот промаши од белата точка.
Во продолжението, Салах ја проби одбраната на госите и ги натера навивачите да експлодираат со гол за 2:1.
Во 95-тата минута, Кејн успеа да изедначи по втор досуден пенал, кој овој пат сигурно го реализираше. Овој пат имаше повеќе основи за прекршок на Ван Дајк против Ламела, но одлуката беше дискутабилна бидејќи играчот од средниот ред падна многу лесно во казненото поле.
Со овој гол, Кејн не само што донесе бод за Тотенхем, но исто така тој беше под број 100 во Премиер Лигата.
По мечот, Ливерпул остана трет, со водство од два бода пред петтиот Тотенхем. Меѓу нив е Челзи, кој е утре гостува на Ватфорд.
Во првиот дуел од денот, Кристал Палас и Њукасл ремизираа 1:1.