Шојгу со загрижувачка изјава: „Фокусот ќе биде на инфраструктурата за нуклеарно оружје“

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека фокусот на инвестициите во 2023 година ќе биде ставен на инфраструктурата за нуклеарно оружје, која вклучува изградба на силоси во кои ќе бидат сместени нови ракети.

„При подготвувањето на списокот на големи градежни проекти, ќе посветиме посебно внимание на градбите во интерес на нашите стратешки нуклеарни сили“, рече Шојгу, а пренесе руската прорежимска агенција РИА.

Зборуваше и за мобилизираните Руси

Да потсетиме, Русија во понеделникот без образложение ги одложи преговорите со САД за нуклеарно разоружување, само велејќи дека преговорите ќе се одвиваат во иднина. Сегашниот договор за нуклеарно оружје, наречен СТАРТ, истекува во 2026 година.

Шојгу, пренесува РИА, ја коментираше и ситуацијата со Русите мобилизирани за војната во Украина. Тој рече дека 300.000 резервисти, вклучително и доброволци, биле обучени во два месеца откако рускиот претседател Путин наредил „делумна мобилизација“. Министерот тврди дека обуката била спроведена во повеќе од 100 кампови за обука во Русија и Белорусија.

Слични содржини