Шпагети со тиквички и кашкавал

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 350 гр шпагети

– сол

– 1 главица кромид

– 6 мали тиквички

– 4 лажици маслиново масло

– 2 чешниња лук

– сок од еден лимон

– 1 лажичка сув билен зачин

– рендан кашкавал

Подготовка:

Сварете ги шпагетите во зовриена солена вода.

Во меѓувреме, исечкајте го кромидот. Исечете ги тиквичките на тенки прстени.

На загреано масло во тава пропржете го кромидот додека не стане стаклест. Додадете ги тиквичките и пропржете сè заедно.

Потоа додадете го изгмечениот лук, сокот од лимон и сувите билни зачини. Измешајте ги сварените и исцедени шпагети.

Извадете го садот од шпоретот и послужете посипено со рендан кашкавал.

Слични содржини