256
Оние кои не сакаат да се вакцинираат против коронавирус, треба да ги сносат финансиските последици од таквата одлука, рече министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан.
Тој рече дека, на пример, тие треба да ги поднесат трошоците за тестовите потребни за посета на ресторан.
Посочи дека и не разбира зошто други треба да плаќаат за отсуство од работа, ако некој како контакт лице од прв ред или повратник од одмор од ризични земји треба да биде ставен во карантин.
Во Германија, се планира да се воведе плаќање на тестови за коронавирус од 11 октомври, освен за луѓето кои не можат да се вакцинираат поради здравствени причини.