Шпанците открија кој ќе ја освои Златната топка за оваа година

од Nikola Popovski
18 прегледи

Парискиот „Théâtre du Châtelet“ ќе биде домаќин на церемонијата на доделување на Златната топка на 28 октомври, каде ќе биде доделена наградата за најдобар играч во светот.

Угледната Марка пренесува дека победникот е веќе познат и дека играчот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор ќе ја однесе титулата најдобар фудбалер на светот.

Доколку пишувањето на шпанските медиуми се покаже како точно, тоа ќе биде најголемата индивидуална награда во неговата кариера за 21-годишниот Бразилец. Иако многумина го отпишаа и сакаа да го сместат во рубриката на најголемите неуспеси на „кралскиот клуб“, Вини доживеа голем напредок од 2021 година и се позиционираше меѓу најдобрите напаѓачи во светот.

Главни претенденти за Златната топка оваа година беа ѕвездата на Манчестер Сити, Родри, кој беше прогласен за најдобар фудбалер на Европското првенство, како и соиграчите од Реал Џуд Белингем и Дани Кравахал.

Инаку, досега информациите на Марка во врска со Златната топка во повеќето случаи се покажаа како точни.

„Бразилецот целосно ја заслужи етикетата за најголема ѕвезда на церемонијата во Париз на 28 октомври. Не му беше лесно да го достигне врвот на фудбалскиот свет“, пишува Марка со насловната страница, каде има фотографија од бразилскиот фудбалер со наслов: „Сите патишта водат до злато“.

Слични содржини