48
Фудбалскиот репрезентативец на Шпанија, Дани Олмо поради повреда ќе го пропушти мечот со Швајцарија во второто коло од Л4 групата на Лигата на нации, објави „Мундо депортиво“.
Шпанските медиуми јавуваат дека Олмо го повредил десното колено на мечот со Србија (0:0) кој пред три дена се одигра во Белград.
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте одлучил фудбалерот на Барселона да не игра против Швајцарија од превентивни причини за целосно да се опорави од повредата.
Натпреварот меѓу Швајцарија и Шпанија се игра в недела од 20:45 часот во Женева.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Олмо треба да биде подготвен за дерби натпреварот од петтото коло на Ла Лига помеѓу Жирона и Барселона, кој ќе се одигра на 15 септември.