Килијан Мбапе нема да има добри спомени од својата прва сезона во Реал Мадрид. Тој остана без ниту еден трофеј, иако веројатно ќе ја заврши сезоната како најдобар стрелец во лигата.
Се повеќе се споменува дека Мбапе е незадоволен од своите соиграчи. Според некои извори, францускиот напаѓач не е во добри односи со дури четворица играчи во тимот.
Тие се, наводно, бразилското трио – Винисиус, Ендрик и Родриго, како и капитенот Лука Модриќ. Споровите меѓу Мбапе и овие играчи постоеја уште од неговите први месеци во клубот, а тензиите станаа очигледни со текот на времето.
Поточно, пишува „Дон Балон“, ситуацијата со Винисиус, една од најголемите ѕвезди на Реал, се влоши, бидејќи Бразилецот веќе имал сомнежи за доаѓањето на Мбапе, со оглед на тоа што Французинот дојде за да стане ѕвезда на тимот, што создаде ривалство, како на теренот, така и надвор од него. Со текот на времето, стана јасно дека нивните интереси почнаа да се судираат, не само на спортско, туку и на финансиско ниво.
Мбапе, се чини, го насочил своето незадоволство и кон Ендрик и Родриго, додека Модриќ, капитенот на тимот, верувал дека Французинот се однесува како преголема ѕвезда.