Шпанија доби 140 милијарди евра за закрепнување од корона кризата

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Шпанија ќе може да смета на 140 милијарди евра од буџетот на ЕУ за закрепнување од последиците од пандемијата на коронавирусот, беше решено по 5 дена неизвесни преговори меѓу 27 европски лидери, објави утринава шпанскиот премиер Педро Санчез, објави Ројтерс.

Нешто повеќе од половина од износот одобрен на Шпанија, 72 милијарди евра, ќе биде достапен од грантови, додека остатокот ќе биде кредитна задолженост.

„Ова е одличен договор за Европа и одличен договор за Шпанија“, рече Санчез.

Шпанија и Италија, земјите кои се најтешко погодени од пандемијата на коронавирус, исто така, ќе добијат најголеми средства од буџетот на ЕУ за економско закрепнување.