Шпанија стана првата земја во Западна Европа што забележа повеќе од 800.000 случаи на заразени со коронавирус, објави шпанското Министерство за здравство.
Во соопштението се наведува дека за време на викендот, уште 23.480 лица биле позитивни на вирусот, што го зголеми вкупниот број на заразени лица на 813.412 од почетокот на ширењето на инфекцијата.
Министерството посочува дека уште 139 лица починале од петокот, 2 октомври, и дека вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Шпанија се зголеми на 32.225.