Шпанија е сила: „Црвената фурија“ против Франција за европското злато

од Nikola Popovski
181 прегледи

Кошаркарите на Шпанија се вторите финалисти на Евробаскетот.

Во полуфинален меч полн со пресврти ги совладаа домаќините Германија со 96:91 (27:24, 19:27, 19:20, 31:20).

Избраниците на Серџо Скариола го свртеа натпреварот на две минути пред крајот.

Тие имаа минус седум (70:77), но направија серија од 13:0 за 83:77, по што рутински го приведоа натпреварот до крај.

Така Шпанија в недела ќе го брка четвртото злато на последните шест европски првенства.

Тие беа шампиони во 2009, 2011 и 2015 година, а бронзени во 2013 и 2017 година.

Лоренцо Браун со 29 поени ја предводеше Шпанија до славјето. Вили Ернангомез постигна 16, Хуанчо Ернангомез 13, а Алберто Дијаз 10 поени.

Денис Шрудер постигна 30 поени за Германија, додека Андреас Обст и Франц Вагнер постигнаа по 15.

Слични содржини