Шпанија фаворит за освојување на Дејвис Купот

од Aleksandar Petrovski
134 прегледи

Станаа јасни сите екипи кои ќе учествуваат во финалето на Дејвис купот. Финалниот турнир ќе се одржи во шпанската престолнина Мадрид, од 23-ти до 29-ти ноември.

Ждрепката за финалето на неофицијалниот светски тениски шампионат ќе биде извлечена во четврток, 12 март од 17 часот по македонско време во Лондон. Во завршницата ќе настапат 18 држави, поделени во 6 групи од 3 екипи. Победниците во секоја група и двете најдобри втори екипи ќе одат во четвртфиналето.

Еве го распоредот по шешири за ждребот во четврток, откако домаќините од Шпанија се рангирани под бр. 1:

Прв шешир: Шпанија, Канада, Франција, Хрватска, САД и Србија.

Втор шешир: Германија, Италија, Велика Британија, Австралија, Казахстан и Русија.

Трет шешир: Шведска, Австрија, Чешка, Колумбија, Унгарија и Еквадор.

Потсетуваме дека минатата година Шпанците успеаја да триумфираат пред домашната публика.

Слични содржини