Шпанија е првиот полуфиналист на Европското првенство, откако во четвртфиналната пресметка во Штутгарт ја победи Германија во продолженијата со 2:1.
Микел Мерино го постигна победничкиот гол на минута пред изведување пенали. Сепак, малку порано – во 106. минута од натпреварот при резултат 1:1 – не беше досуден пенал за домашните. Тогаш ударот на Џамал Мусиала ја погоди левата рака на Марк Кукуреја, кој беше во шеснаесетникот. Сепак, главниот судија Ентони Тејлор не посочи на белата точка, а не следеше ниту сигнал за такво нешто од неговите колеги од ВАР.
Можно е во овој случај судиите во малата соба да забележале некое друго прекршување на правилата, како Никлас Фулкруг или Флоријан Вирц во нападот, но тоа никогаш не беше откриено за време на средбата.
Инаку, во регуларното време „Ла Роха“ поведе по голот на Дани Олмо во 51. минута, а во 89. израмни Виртц за да го испрати натпреварот во продолжение.
За пласман во финалето, Шпанците ќе играат со Франција или Португалија.