
Владата на Шпанија објави продолжување на вонредната состојба за дополнителни 21 дена откако бројот на заразени со коронавирусот достигна околу 120.000.
Околу 47 милиони луѓе во Шпанија се затворени во своите домови од 15 март, кога беше прогласена вонредна состојба во земјата. Иако првично беше објавена за период од две недели, владата повторно ја продолжи.
Во Шпанија 809 луѓе починаа од коронавирус во последните 24 часа. Ова е најнискиот број на смртни случаи во последните осум дена.