16
Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека на граѓаните на државите кои не се членки на ЕУ, вклучително и Британците, ќе им биде забрането да купуваат имот во Шпанија.
Санчез го објави планот на политички митинг, последна во низата мерки со кои сака да се справи со зголемувањето на цените на имотот и ограничената понуда, објави Скај њуз.
Говорејќи пред приврзаниците во неделата, Санчез рече дека неговата влада предлага да им се забрани на странците кои не се државјани на земја на ЕУ и на нивните роднини да купуваат куќи во Шпанија бидејќи тоа го прават, рече тој, „само за да шпекулираат“.