Шпанија: Машиновозач загина, а 85 лица се повредени во железничка несреќа

од Stefanija Kuzmanovska

Машиновозач на патнички воз загина, а околу 85 лица се повредени при судир на два воза во близина на Барселона, соопштија регионалните власти.

Од 85 повредени, 77 се пуштени дома, а осум се пренесени во болница, јавува „Ројтерс“.

До судирот дошло синоќа кога товарен воз излетал од шините и удрил во патнички воз на станицата во Сант Бои де Лобрегат, на околу 14 километри од Барселона.

Слични содржини