
Официјален претставник на крајбрежен град во јужна Шпанија се најде под удар на јавноста откако наредил да се прскаат локални плажи со разредена варикина поради дезинфекција или заштита на населението од коронавирусот.
Според лондонски „Гардијан“, одлуката да се преземе таква акција е донесена како дел од подготовките за ублажување на карантинските мерки за деца, кои шест недели беа во изолација.
Минатонеделната гледка на трактор со прскалки кои се движат по плажа во град во јужна Шанија што нанесува варикина ги налути еколозите.
„Тоа е апсолутно апсурдно – плажата е жив екосистем и кога ќе се испрскаат со варикина убивате на сè што ќе наидете“, рече активист за животна средина.
Признавајќи ја грешката, службеникот изјавил дека неговите постапки биле мотивирани од најдобри намери и дека тој само сакал да ги заштити децата, пишува весникот.