Шпанија не го признава Косово и нема информации за изјавата на Груби

од Nikola Popovski
230 прегледи

Ставот на Шпанија кон територијата на Косово е сè уште ист и не е променет – Шпанија не ја признава независноста на Косово и тоа е државна политика, изјавил денеска шпанскиот амбасадор во Белград, Раул Бартоломе, одговорајќи на информациите за одредена активност на министри и политичари од Балканот за лобирање за признавање на независноста на Косово.

„Шпанија нема да го смени ставот за прашањето на Косово, само затоа што тоа го бара некоја земја од нас“, рекол Бартоломе по повод се почестите повици, не само од политичарите во Приштина, туку и од земјите на ЕУ за пет земји-членки кои не го признаваат Косово, да го сторат тоа.

Тој за српските медиуми го повторил ставот на неговата земја дека ќе го прифати само она што го прифаќа и Србија.

Шпанскиот амбасадор ја коментирал и неодамнешната изјава на првиот вицепремиер, Артан Груби, дека министерот Османи лобирал во Шпанија за признавање на Косово, велејќи дека нема информации за тоа.

Бартоломе рече дека нема информации дека некој од ЕУ имал активности кон Мадрид насочени кон тоа Шпанија да ја смени својата позиција и да го признае Косово како држава, пренесуваат српските медиуми.

Слични содржини