Шпанија потврди дека ќе ја признае Палестина, се знае и кога

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес изјави дека Мадрид планира да ја признае Палестина како суверена држава пред јули, што премиерот веќе го најави.

„Шпанскиот премиер Педро Санчез има многу цврста волја за тоа. Разговараме со нашите европски партнери, како и со нашите арапски партнери“, рече Албарес за време на интервјуто за државното радио РНЕ.

Санчез „многу јасно кажа што мисли Шпанија за тоа“, нагласи Албарес.

Тој додаде дека Шпанија разменува мислења за најдоброто време со другите глобални актери за да се воспостави реална и одржлива палестинска држава и да се обезбеди мир на Блискиот Исток.

Албарес предложи по отстранувањето на оружјето од Газа и Блискиот Исток, да се формира палестинска национална власт која ќе обезбедува основни услуги и територијален континуитет.

Според него, оваа власт треба да има врска со коридорот и да има пристап до пристаништето во Газа со главниот град во источен Ерусалим.

„Сите ја знаеме формулата. Сега ни треба политичка волја да ја спроведеме во пракса“, нагласи Албарес.

„Разговарав со новиот палестински премиер и министер за надворешни работи Мохамед Мустафа. Му ја пренесов цврстата посветеност на Шпанија за прекин на огнот во Газа, непречен влез на хуманитарна помош и признавање на палестинска држава. Шпанија работи за мир“, објави Санчез во петокот.

Слични содржини