Шпанските социјалисти рекоа дека продолжуваат да работат со сите партии за да избегнат повторен изборен процес, но тие не се  подготвени да понудат коалициона влада на екстремно левиот Подемос кои го блокираа нивниот обид да ја преземат власта.

 

На парламентарните избори пред три месеци, социјалистите на Педро Санчез добија најмногу гласови, но не стигнаа до мнозинство, оставајќи ја Шпанија во политичка неизвесност, а гласачите беа лути поради несоодветноста на партискиот  компромис.

Во меѓувреме, Санчез  загуби два гласа откако не постигна коалициски владин договор со Подемос.

  Заменик-премиерот на социјалистите, Кармен Калво, експлицитно вели дека не постои можност за коалиција со Поддемос.

До средината на септември, Санчез треба да биде потврден како премиер или друг да биде  избран како  кандидат. Ако ова не се случи, треба да се одржат нови избори на 10 ноември.

Гласачите велат дека не се подготвени да се вратат на гласање и сакаат политичарите да ја решат ситуацијата.

Подемос ги повика социјалистите да продолжат со преговорите за да се обидат да постигнат договор во август.

Политичките аналитичари велат дека решението може да се најде до септември.

Партијата на Санчез победи на изборите на 28 април, откако се стекна со 123 места во долниот дом кој брои вкупно  350 места.