Шпанија ја совлада Грузија со 4:1 и ја продолжи победничката серија на ЕП 2024.
Следен противник на избраниците на Луис де ла Фуенте ќе биде домаќинот Германија.
„Ла Роха“ направи пресврт откако со автоголот на Робин Ле Норманд им донесе изненадувачка предност на Грузијците во 18. минута.
На крајот од полувремето израмни Родриго Ернандез, а во 51. минута Фабијан Руиз ги доведе Шпанците во предност. Третиот гол во мрежата на Џорџи Мамардашвили го постигна Нико Вилијамс во 75. минута, а точка на дуелот стави резервистот Дани Олмо (83′).
„Фуријата“ е единствената екипа која собра 9 бода во групната фаза, а денеска ја забележа и четвртата последователна победа.
Многумина веќе го наведуваат тимот на Луис де ла Фуенте како фаворит за титулата, а денешниот натпревар беше уште еден доказ дека Шпанците го имаат она што е потребно за да се пласираат во финалето во Берлин.