Шпанија воведува целосно ограничување на движењето

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Кралството Шпанија е едно од најголемите жаришта на пандемијата на коронавирусот.

Така, во Шпанија до денес има 78.797 заразени лица, (6.549 повеќе од претходниот ден) (22.667 во Мадрид) 6.528 смртни случаи, бројот на излечени е 14,709 (2.424 повеќе од вчера) во болница се 49.698 лица, од кои 4.907 се на интензивна нега.

Сепак, првиот човек на Кризниот штаб на Кралството Шпанија, Фернандо Симон, забележа позитивна бројка: бројот на сместени во интензивна нега во однос на вкупниот број падна од 15 на 13 проценти, а стапката на раст на коронавирусот се спушти од 14 проценти на девет проценти.

Од понеделник, 30 март, како што соопшти премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез, ќе се воведе целосно ограничување на движењето, кое ќе трае до 9 април.

Ограничувањата за движење нема да важат за оние што имат потреба – медицински персонал, безбедносни сили и работници во услугите на храна.

Овие мерки се очекува да го намалат бројот на новозаразени.

Ден на жалост во Автономниот регион на Мадрид е прогласен во понеделник на 30 март и ќе се одржува минута молчење секој ден во 11,00 часот.