Шпанската полиција и даночните власти запленија кокаин поврзан со балканскиот картел

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Нуркачи од шпанската цивилна гарда и членови на Даночната управа во Лас Палмас заплениле пратка од 289 килограми кокаин, за која се верува дека е поврзана со балканскиот картел.

Дрогата, која ја превезувал трговскиот брод, била скриена во вшмукувачки цевки за ладење, спакувани во 12 водоотпорни кеси прицврстени со јажиња, а се верува дека крајната дестинација било пристаништето Копер во Словенија, пренесува подгорички Вијести, повикувајќи се на неименуван извор во странски безбедносни служби.

Како што е наведено, властите продолжуваат со спроведување на неопходните истражни дејствија во акцијата наречена „Гордоста на југот“, со цел да се утврди идентитетот на одговорните за транспортот на дрога, како и на оние кои биле задолжени за преземање на наркотици. .

Слични содржини