Шпанската полиција заплени повеќе од два тона кокаин

од Stefanija Kuzmanovska
334 прегледи

Шпанската полиција заплени повеќе од два тона кокаин и уапси 12 лица, наводно, поврзани со мрежа на шверцери на дрога кои имаат врски во Парагвај и Бразил.

Според шпанската полиција, членовите на криминалната група се обиделе да ги сокријат своите траги со легитимна деловна активност, а истрагата траела повеќе од една година, пренесува Танјуг.

Пред една година полицијата идентификуваше двајца членови на таа криминална група во Мурсија и Севилја кои наводно се занимавале со легален бизнис со увоз на јаглен од Јужна Америка, а поради пандемијата, групата го преместила својот бизнис од Барселона во Алгесирас во средината на април минатата година.

Лидерите на криминалната мрежа регрутирале луѓе да работат пред увозните компании за да ја сокријат нивната вмешаност, а тие переле пари во Валенсија.

Тие исто така користеле криптовалути за да ги прикријат парите, како и многу криминални групи од Источна Европа и Јужна Америка.

За време на истрагата, полицијата прислушувала повеќе од 100 телефони и ги следела осомничените во бројни шпански провинции.

За време на истрагата, извршен е претрес во 16 куќи и компании.

Од 12 уапсени, шестмина беа приведени, додека шестмина беа ослободени под посебни услови.

Слични содржини