,,Шпански скали”: Изведени материјални докази на денешната расправа

од Берта Китинска
255 прегледи

Обвинителката Ивана Трајчева, на денешната расправа во предметот „Шпански скали”  изнесе материјални докази меѓу кои се најдоа мислења, барања, потврди, договори, известувања и предмети на кои стојат потписите на обвинетите кои се товарат за злоупотреба на службената должност.

Во случајот „Шпански скали”, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска – Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, а едно од лицата е обвинето за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата.

Слични содржини