Во внатрешната анализа на Европската унија се оценува дека е „многу веројатно“ Русија во вторникот да ја срушила браната на вештачкото езеро Каховка на рекита Дњепар, иако се забележува дека „засега не може да се обвини сторителот“, обелодени шпанскиот весник „Паис“.
Додека неколку медиуми во ЕУ, исто така, го објавија тврдењето на Москва дека украинските сили ја пробиле браната со артилериски оган, разузнавачката анализа на Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС) заклучи дека тоа е „многу веројатно дел од руските одбранбени потези“ во времето кога се чини дека украинската офанзива започна контраофанзива.
Документот на ЕЕАС „не ја исклучува можноста руските сили да извршат слични дејствија на уништувањето на браната Каховка“, што има катастрофални последици за природата и населението.
Медиумите во ЕУ укажуваат дека огромната поплавена рамнина околу реката Дњепар и градот Херсон ја отежнува украинската контраофанзива и ја намалува можноста за украински напади кон Крим, кој сега има сериозни потешкотии со водоснабдувањето.
Во извештаите се наведуваат и податоци на западното воено разузнавање дека во последниот месец ниту украинската, ниту руската страна практично не постигнале територијален напредок.