Шпанскиот амбасадор го пофали Мицкоски дека чекал ред на аеродром како сите други патници

од Nikola Popovski
193 прегледи

Шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Сориано Ортиз го пофали премиерот Христијан Мицкоски бидејќи утринава на Скопскиот аеродром ги минал сите формалности како и сите други патници. Ортиз, кој чекал во редот за туристичко пријавување на лет за Истанбул, посведочил како премиерот без никакви привилегии ја поминал контролата, чекал ред за чекирање и ги испочитувал сите процедури како другите патници.

-Пример за едноставност и нормалност. Браво, напиша амбасадорот.

Мицкоски денеска отпатува во посета на Турција, каде што во моментов има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. По викендов, во понеделник и вторник, уште претходно премиерот најави дека предвидена е меѓувладина конференција во Будимпешта, Унгарија.

Слични содржини