ШПАНЦИТЕ ВО ПАНИКА: Целиот тим во изолација на 5 дена пред почетокот на Европското!

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Фудбалската федерација на Шпанија објави дека е забележан првиот случај на коронавирус во тимот пред почетокот на Европското првенство, откако капитенот Серхио Бускетс бил заразен со ковид!

Шпанците изјавија дека играчот за врска на Барселона бил позитивен утрово за време на тестирањето, додека сите други репрезентативци, играчи и членови на стручниот штаб беа негативни.

– Лекарските служби на Шпанската фудбалска федерација ги донесоа сите потребни мерки во случај на овие карактеристики во согласност со протоколите утврдени од Министерството за здравство и УЕФА, така што фудбалерот ја напушти националната база во медицинско возило -се вели во соопштението на федерацијата.

Како што се наведува, работниците, како и играчите со кои Бускетс бил во контакт, ќе останат во изолација со цел да се спречи евентуалното ширење на ковид.

Слични содржини