Тајна украинска единица командоси го разнесе гасоводот „Северен тек“ во 2022 година, пишува „Шпигел“, додавајќи дека агенти на американската разузнавачка агенција ЦИА биле информирани за овие планови, пред подоцна да им се спротивстават.
Германскиот весник наведува дека врз основа на сопствено истражување, дошол до заклучок дека членови на ЦИА и украинската тајна служба се сретнале во киевската област Подил во пролетта 2022 година и дека ова не била нивна прва средба.
Според упатените, Украинците дошле на состанокот со идеја да го дигнат во воздух гасоводот „Северн тек“ што транспортира гас од Русија до Германија.
На Американците очигледно им се допаднал планот, а потоа следеле и понатамошни состаноци меѓу претставниците на ЦИА и организаторите на нападот врз гасоводот на дното на Балтичкото Море.
„Шпигел“ вели дека успеал да разговара со неколку луѓе во Украина кои се запознаени со деталите од состаноците, кои потврдиле дека Американците знаеле за плановите за нападот долго пред тој да се случи.
Американските агенти разменувале информации со организаторите на саботажата за техничките детали на операцијата.
Од изданието тврдат дека изворите кои разговарале со весникот се сигурни и соработуваат со нив со години, а дека деталите за нападот се потврдени и од германските истражители.
Поранешниот украински командос Сергеј К., кој моментално е во притвор во Хамбург, наводно бил вмешан во детонацијата на гасоводот во септември 2022 година.
Неколку мажи и една жена наводно пловеле во Балтичкото Море со изнајмена јахта, Андромеда, а во близина на островот Борнхолм, нуркачи поставиле експлозиви на гасоводите на морското дно.
Според наредбата за притвор издадена од Федералниот суд на правдата во случајот Сергеј К., која стана јавна кон средината на јануари, операцијата била „многу веројатно“ предводена од државата од Украина.
Сега, тврди германскиот весник, се покажало дека американските разузнавачки агенти очигледно биле свесни за планот за напад во неговите рани фази и првично наводно не се спротивставиле – едвај подоцна се предомислиле и ги предупредиле Украинците да не го спроведуваат планот, но без успех.