50
Германското списание „Шпигел“ објави, повикувајќи се на европски дипломатски извори, дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да го пропушти претстојниот самит на НАТО доколку другите членки на Алијансата не преземат конкретни чекори во однос на трошоците за одбрана.
Германија, која е особено ранлива на притисок, се соочува со барања за значително зголемување на трошоците за одбрана, според Ројтерс.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет минатата недела разговарал за ова прашање со германскиот министер за одбрана Борис Писториус, се вели во извештајот, пренесува „Танјуг“.