Шри Ланка го надмина светскиот рекорд за највисока вештачка елка

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Шри Ланка го надмина светскиот рекорд за највисока вештачка елка, иако доцнењето на изградбата ги принуди организаторите да ѝ ја скратат структурата речиси за половина.Крикет легендата Арџун Ранатунда ја иницираше изградба на дрвото рекордер во главниот град Коломбо, но наиде на отпор од страната на католичката црква, која вели дека е подобро предвидените средства да бидат потрошени за добротворни цели.

“Опозицијата доведе до 10-дневно одложување на градежните работи”, вели координаторот на настанот Гунасекера. Тој рече дека целта била 100-метарска елка, но поради доцнењето таа ќе биде помала.

Во моментов дрвото е високо 57 метри или за 2 метри повеќе од претходната највисока вештачка елка, подигната во јужната кинеска провинција Гуангжу минатата година.

Организаторите очекуваат потврда од Светските рекорди.