155
Врховниот суд на Шри Ланка ги осуди поранешниот претседател Маитрипала Сирисена и четворица други високи владини функционери за неуспехот да го спречат терористичкиот напад во 2019 година во кој загинаа најмалку 290 луѓе.
Според вчерашната пресуда, Сирисена е одговорен за непреземање соодветни мерки за спречување терористички напад, иако имал веродостојни предупредувања од разузнавањето, пренесува Си-Ен-Ен.
Сирисена ќе треба да плати околу 252.000 евра на семејствата на жртвите од терористичкиот напад, додека другите функционери за истите цели ќе треба да платат вкупно околу 530.000 евра.