Штајнакер: Германија не го реши спорот меѓу Македонија и Бугарија, тоа е срамно

од Nikola Popovski
403 прегледи

Поранешната германска амбасадорка во земјава, Гудрун Штајнакер смета дека спорот меѓу Бугарија и С. Македонија не е правно, туку политичко прашање и дека е срамно што германското претседателство не можело да го реши овој проблем.

„Што треба да биде различно во пристапот на ЕУ во иднина, за справување со кризата на владеење на правото во Западен Балкан?“, праша поранешната амбасадорка за време на онлајн – дискусијата „Како да се врати проширувањето на ЕУ на вистинскиот пат? Да се даде приоритет на владеењето на правото и реформите во судството“, на кој учествуваат потпретседателката на Европскиот парламент, Катарина Барли и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Во однос на владеењето на правото што беше една од клучните теми на панелот покрај процесот на проширување, Штајнакер оцени дека „политичките елити во Западен Балкан главно не се заинтересирани за функционирање на владеењето на правото, бидејќи тоа може да ја загрози нивната моќ”.

Слични содржини