Штајнакер: Не покажувам многу разбирање за блокадата што ја наметна Бугарија на С.Македонија

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Гудрун Штајнакер, поранешна германска амбасадорка во Македонија и Црна Гора и поранешен заменик-амбасадор во Бугарија смета дека нашиот источен сосед треба без никакви резерви да се согласи да започне преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Таа за ДВ вели дека се работи за почеток на преговори, а не за влез на Северна Македонија во ЕУ.

– Добро ни е познато дека таквите преговори можат да траат со години. Во оваа смисла не покажувам многу разбирање за блокадата што ја наметна Бугарија. Да, двете страни имаат различни ставови за многу прашања: малцинствата, јазикот, културата и, пред сè, историјата. Овие спорови се реални, тие имаат акумулирано потенцијал низ новата приказна. За Бугарија тие се вкоренети во 19 век, во случајот со Северна Македонија датираат од пред околу 80 години, бидејќи пред тоа оваа земја не постоела, вели амбасадорката.

За да се смират таквите тензии, акумулирани толку години, потребно е време додека не дојде до разбирање или барем до заклучокот дека нема начин двете страни да се договорат за сите прашања, смета таа.

– Ова не е единствен проблем, кој е само меѓу Бугарија и Северна Македонија. Слични конфликти постојат и на други места, на пример меѓу Словачка и Унгарија. Дури и во прекрасната Норвешка, каде што бев во тоа време, сè уште имаше несогласувања со Шведска на одредени теми. Но, таквите противречности секогаш можат да се решат на мирен и взаемно прифатлив начин. Потребна е само политичка волја и се надевам дека новата влада во Софија брзо ќе ја прекине блокадата, посочи Штајнакер.

Слични содржини