
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја советуваше Европа да се држи настрана од Русија, пренесе ДПА.
Според Берлин, Европа не смее да одобри ограничувања на слободата на изразување, но исто така не треба да се доведува во заблуда, дека може да ја промени Русија.
Наспроти позадината на неколку спорови со Москва, Штајнмаер ги советуваше европските земји „трезвено и од дистанца“ да гледаат на Русија.
Надежите за сеопфатно и интегрирано партнерство со Русија не се оствари, сега и од двете страни постои „длабоко разочарување“, објави германскиот шеф на државата во говор на конференција во „Културанта“ вп Финска.
„Културанта“ е летна резиденција на финскиот претседател, која се наоѓа на околу 20 километри источно од Турку. Дводневната конференција беше посветена на меѓународната политика и безбедносната политика. На неа имаше околу 100 учесници.
Според Штајнмаер, конфликтот во Источна Украина и анексијата на Крим продолжуваат сериозно да тежат на односите. Според него, можностите за промена во Русија се ограничени.