Штајнмаер: Светот нема да биде ист по кризата

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер повика на солидарност, со порака дека пандемијата на коронавирус е испит за нашата хуманост.

Тој додаде дека светот повеќе нема да биде ист по оваа криза.

„Светот нема да биде ист по кризата. Тоа ќе зависи од нас. Ние учиме од ова. Верувам дека сме на крстопат: или секој за себе, или ова разбудено ангажирање за другите ќе остане“, рече Штајнмаер во својот велигденски говор .

Тој го повика народот за солидарност по завршувањето на пандемијата.

„Оваа пандемија не е војна, туку испит за нашата човечност. Германија не може да излезе силна од криза, освен ако нашите соседи не се исто така силни и здрави“, рече Штајнмаер.

Тој рече дека кризата ни покажа дека сме ранливи и може премногу долго се верувало дека тоа не е случај.

Германскиот претседател им се заблагодари на сите, најмногу на медицинските професионалци, за нивната жртва во борбата против коронавирусот.

Кога и како ќе бидат ублажени ограничувањата за сузбивање на вирусот, не одлучуваат само политичарите и експертите, туку, додаде тој, зависи од сите.