Штајнмаер: Западот беше неспособен за Сирија

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Штајнмаер  ги критикува САД и Франција за кратковидна политика во Сирија.

Следниот претседател на Германија и веќе поранешен министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изрази сомнежи во компетентноста и исправноста на стратегијата на Западот во сирискиот конфликт. “Приказната на оваа војна е преглед на фрлени можности и доказ за некомпетентноста на западните сојузници”, рече тој во интервју за весникот “Зидојче цајтунг”.

Штајнмаер истакна дека иако нема лични симпатии кон сириската влада, тој секогаш сметал за потребно да се бараат можности за соработка меѓу претседателот Башар Асад и Западот. Сепак Вашингтон и Париз одговорија на сите негови иницијативи со нагла критика, претворајќи ја Сирија во “имагинарна оска на злото”. Ако Западот беше ја проценил ситуацијата пореално и не бараше итно отстранување на Асад, уште првите средби во регулирањето на конфликтот би довеле до напредок “, смета Штајнмаер. Денес социјалдемократот беше сменет како министер за надворешни работи од поранешниот заменик-канцелар и исто така поранешен партиски лидер Зигмар Габриел. Се очекува на 12 февруари тој да биде избран за претседател од Бундестагот, откако неговата кандидатура беше одобрена од мејнстримот. / РИА-Новости