Штефан Петер, досегашниот претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, заминува на нова позиција во Виена. Нов претседател на УО е Волфганг Мајер, кој досега беше раководител за човечки ресурси на ЕВН Групацијата.
Петер ќе ја продолжи својата кариера на висока позиција во групацијата ЕВН АГ. Тој покрај претседател на УО на ЕВН, беше и претседател на Советот на странски инвестиции во Стопанската Комора на Македонија.
Петар беше активен и во различни општствени проекти во земјата. Беше еден од иницијаторите за дуално образование на младите и го стартуваше проектот 20-20-20. Петер го иницираше и првиот музеј за електрична енергија Изложбениот центар „Матка“.
Иницијативата за дуалното образование „ЕВН Македонија“ ја започна во 2015 година, поради потребата од квалификуван персонал. Проектот „20-20-20“ „ЕВН Македонија“ го реализира со Средното стручно училиште „Михајло Пупин“, а се предвидува дваесетина средношколци од секоја генерација, кои ќе покажат најдобар успех да добијат можност за вработување во ЕВН Македонија.