Штекли 3,5 килограми кокаин криел во „бункер“ од автомобил

од Milan1
97 прегледи

Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност денеска информираше дека се откриени и одземени над 4 килограми кокаин од групата на Раде Трајковски Штекли. Од Обвинителството соопштија дека дел од овој кокаин тој го криел во бункер од возило.

– Како резултат на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите во акцијата што под раководство на јавен обвинител беше спроведена на 18 и 19 јануари годинава, приведени се две лица. Се сомничат за новластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори.

„Имено, од екстрахираните податоци, истражителите од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, дојдоа до докази дека првоосомничениот кој беше лишен од слобода во Гевгелија, во бункер во ПМВ сокрива поголемо количество на психотропна супстанца. По обезбедена наредба за вештачење на возилото коешто беше одземено, пронајдени се 3,5 кг кокаин“, велат од Обвинителството.

Воедно, како резултат на доказите побарани се и извршени претреси на дом кај приведените лица и притоа е пронајден уште 1 кг кокаин. За двете лица јавниот обвинител донесе Наредба за истрага, а од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје побара притвор и куќен притвор.

Слични содржини