Штипјанка се обидела да размени лажни 100 евра

од Nikola Popovski
124 прегледи

На 23.03.20223 околу 09.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип ја лишиле од слобода С.Ш.(56) од Штип, поради сомнение дека во менувачница во Штип се обидела да размени фалсификувана банкнота од 100 евра.

Банкнотата била одземена за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини