Штипјанецот Александар Ѓорѓиевски кој откако ги виде страотните снимки од Сисак, Претиње и Загреб, одлучи сам да замине и добоволно да помогне, таму каде што е потребно.
Тој по пристигнувањето во Хрватска на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека заминал во Сисак и каде што бил вклучен во активностите за помош на жителите на овој град.
– Страшни глетки, но обединети сложни се борат, народот е вклучен. Хуманитарни пакети, полни камиони и шлепери донации пристигнуваат од сите страни. Работава искрено е многу тешка овде и да бидам искрен луѓе на терен имаат и премогу и од тоа се создава премногу хаос. Единици на војската и полицијата, тука екипите на Црвениот крст, но и волонтери како мене. Сите можни институции се на терен и кога многу луѓе даваат команди и инструкции, можете да претпоставите и каква е состојбата на терен – вели Ѓорѓиевски.
Тој додава дека на доброволиците не им е дозволено да работат работи кои се во надлежност на хрватските институции.
– Па поради тоа на сите волонтери им е посочено да ги истовараат хуманитарните пакети и да се доставуваат со комбиња до погодените граѓани кој останаа без кров над глава искрено таа работа два до три дена ќе се среди и потоа си преземаат тие – додава тој.
Штипјанецот испрати поздрав од Сисак им посака на сите да бидат живи и здрави и дека очекува работата за која е задолжен ќе биде готова за 36 часа според него, па по завршената работа се гледаат во неговиот роден Штип.
Страшни глетки но обединети сложни се борат многу народ е вклучен хуманитарни пакети полни камиони шлепери со …
Posted by Aleksandar Gorgievski on Среда, 30 декември 2020