Штипјанка нашла бомба во станот на починатиот татко

од Nikola Popovski
12 прегледи

Жителка на Штип пријавила дека додека го чистела станот на нејзиниот починат татко, пронашла рачна бомба, информираат од МВР.

-На 21.07.2025 во 15.10 часот во СВР Штип, Е.З.(47) од Штип пријавила дека додека го чистела станот на нејзиниот починат татко пронашла рачна бомба, стои во полицискиот билтен.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата и за настанот бил запознаен јавен обвинител.