Интер и Наполи се целосно изедначени на врвот од табелата во Серија А пред последните пет кола од италијанскиот шампионат. Имено, двете екипи имаат по 71 бод и изедначен меѓусебен скор, бидејќи и во Милано и во Неапол натпреварите завршија со резултат 1:1. Според правилата на италијанското првенство, по меѓусебните дуели не се зема предвид гол-разликата, но доколку две екипи завршат со ист број бодови, ќе се игра решавачки натпревар.
Домашна екипа на тој дуел ќе биде тимот со подобра гол-разлика (моментално Интер има +40, а Наполи +27), а натпреварот ќе трае 90 минути. Доколку заврши нерешено, веднаш ќе се изведуваат пенали. За потсетување, Интер до крајот на првенството ќе се соочи со: Рома (дома), Верона (гости), Торино (дома), Лацио (гости) и Комо (гости). Наполи, пак, ќе игра против: Торино (дома), Лече (гости), Џенова (дома), Парма (гости) и Каљари (дома).
Вреди да се истакне дека на наполитанците им преостануваат само тие пет натпревари до крајот на сезоната, додека Интер го очекува и полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона, како и реваншот од полуфиналето на Купот на Италија против Милан.