(ВИДЕО) Што беше тоа синдикална “солидарност”!?- МЕСО исфрлени од зградата на ССМ

од desk3
92 прегледи

Денеска Мултиетничкиот сидникат на образованието беше исфрлен од згрдата на ССМ. Во проториите се извршил попис за иселување , а на новинарите не им беше дозволен влез во зградата.
Според претседателката на МЕСО-Сузана Стефановиќ, исфрлувањето било акт на самоволие на претседателот на ССМ живко Митревски, бидејќи овој настан не бил посебна точка на дневен ред на седницата на Сојузот.

“На последната седница на Советот на ССМ ова не е ставено како точка на дневен ред. Точката каде што се расправало за МЕСО е за избор за потпретседател, тој тогаш напоменал нешто на МЕСО и се гласа за тоа точка. Значи не се гласало посебно за одлука за исклучување. Имаме информации дека дел од советниците немале поим дека се гласало за исклучување на МЕСО”, изјави Стефановиќ.

Според Здравко Савевски МЕСО бил казнет затоа што ги штител работничките права на вработените во образованието, а тоа на Живко Митревски, очигледно не му се допаѓа.Митревски присилно да го исфрли МЕСО и од Сојузот на синдкикати и од зградата.

“МЕСО е казнет бидејќи секогаш кога Владата ќе излезе со некое кратењер на работничките права ние не излегуваме како него – да го пофалиме тоа. Помеѓу вработените во образованието очигледно постои незадоволство и подготвеност на борба. Синдикалните бирократи и на ССМ и на СОНК се трудат во корен да го исечат обидот на вработените во образованието да се изборат за своите права”- изјави Савевски.