Што да направите ако вашиот смартфон падне во вода?

од Vlatko K
292 прегледи

Паѓањето на паметниот телефон во вода не е нешто невообичаено. Во летните месеци, тоа се
случува се почесто.


Да, современите телефони имаат степен на заштита од навлегување на влага и прашина во
куќиштето, но не треба да се надеваме дека 100% ќе преживее.

Ако реагирате брзо по падот на паметниот телефон во вода, можете да спречите внатрешно
оштетување. Доволно е да се следат неколку совети.

Прво, отстранете го уредот веднаш од водата. Колку подолго остане во неа, толку повеќе ќе
навлезе во внатрешноста.

Откако телефонот ќе биде „на сува“, можете да направите неколку работи

Во никаков случај:

* Не го вклучувајте телефонот;
* Не вклучувајте со полнач во струја. Не се обидувајте да го наполните;
* Не ги притискајте копчињата;
* Не користете фен за да го исушите. Топлиот воздух може да предизвика оштетување.
10 чекори за спасување на „потопениот“ паметен телефон:
1. Исклучете го ,ако не е веќе исклучен. Држете го во вертикална положба.
2. Отстранете ја SIM картичката и microSD картичката од соодветните слотови.
3. Ако имате стар телефон кој нема монолитно куќиште, можете да го отстраните задниот панел и
да ја извадите батеријата.
4. Користете ткаенина или хартиена крпа за да ги исушите компонентите на телефонот.
Избегнувајте течноста да навлезе внатре.
5. Ако има премногу вода, можете да користите правосмукалка – внимателно „всмукајте“ ја
влагата.
6. Потоа ви треба нешто што ја апсорбира влагата. На пример, ориз. Ставете го телефонот во пакет
со ориз.
7. Оставете телефонот да се исуши – на пример, за еден ден или два. Не подлегнувајте на
искушението да го вклучите.
8. По неколку дена отстранете го телефонот од оризот. Ставете ја батеријата и вклучете ја.
9. Ако телефонот не се вклучи, обидете се со полнење. Ако тоа не функционира тогаш, тогаш
батеријата е веројатно оштетена. Пробајте со нова.
10. Ако вашиот телефон е вклучен и работи како порано, може да го следи неговото однесување во
следните неколку дена. Проверете како работат сите компоненти, тестирајте ги слушалките,
звучниците и така натаму.

Слични содржини