Што да носите во неа: Торба помала од зрно сол продадена за 63.750 долари!

од Nikola Popovski
487 прегледи

Чанта помала од зрно сол која може да се види само под микроскоп, е продадена на аукција за 63.750 долари. Таа е толку мала што има димензии 657 x 222 x 700 микрометри.

„Доволно мала за да се вклопи низ окото на иглата и толку мала што ќе ви треба микроскоп за да ја видите“, соопштиле од уметничкиот колектив кој ја создавал чантата.

Уметниците здружени под името „MSCHF“ со седиште во Бруклин се познати по своите контроверзни дизајни.

Досега создале чевли кои содржат човечка крв, патики со света вода на ѓонот, како и колонска вода што мириса на VD-40 и џиновски црвени гумени чизми.

Овој пат уметничкиот колектив решил да го искористи трендот на мали чанти.

„Има големи чанти, средни и мали чанти, но ова е минијатурна чанта“, велат од колективот.

Чантата изгледа како луксузна чанта од Луј Витон, но нема никаква врска со неа.

Изработена е од фотополимерна смола и создаден со помош на технологија за 3D печатење која често се користи за изработка на мали механички модели и структури.

-Додека се правела чантата, неколку примероци биле изгубени бидејќи се толку мали, пишува „Smithsonian magazine“.

Сопственикот на оваа торба не мора да се грижи дали ќе ја изгуби, бидејќи доаѓа и со микроскоп со дигитален екран.

Микроскопите со дигитални дисплеи може да се купат од онлајн трговците на мало и чинат некаде од 60 до илјадници долари. На аукциската страница не е наведено колку чини само микроскопот.

Почетната цена за чантата била 15.000 долари.

Зборувајќи за употребата на брендот Луј Витон, Кевин Визнер, главен креативен директор на уметничкиот колектив „MSCHF“, изјавил за „Њујорк Тајмс“ дека не побарале дозвола да го користат.

„Знаеме да бараме прошка, но не и дозвола“, рекол тој.

Во 2021 година, „MSCHF“ го реши спорот со Најк за продажба на модифицирани патики што содржат капка човечка крв.

Во спор се и со компанијата Ванс.

Слични содржини