Што добива Македонија за возврат од внесувањето на Бугарите во Уставот, прашуваат од Белата палата

од Vladimir Zorba

„Османи и Ковачевски бегаат од македонската јавност да соопштат и споделат што преговараат со Бугарија“, велат утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на Мицкоски велат дека Ковачевски е должен да одговори „кога ветил дека Бугарите ќе бидат внесени во Уставот на Македонија и што Македонија добива за возврат“.

„Додека од бугарските власти јасно се говори дека се преговара за отворање на Уставот на Македонија и вметнување на Бугарите во Уставот и дека не се преговара за македонско малцинство во Бугарија, молк од страна на Ковачевски за правата на Македонците во Бугарија“, истакнуваат од опозицијата.

Посочуваат дека нема никаков реципроцитет, односно рамноправност со кои се обврзани Ковачевски и Османи со Резолуцијата во Собранието на Македонија.

-Повторно се преговара само за отстапки од македонска страна, и распродавање на државните и националните интереси. Затоа веднаш, без криење треба да ги објават интегрално одговорите од пакетот 5+1, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини