Што донесе бојкотот на изборите на северно Косово: „Белград чека пресврт во Украина и повторна колонизација на Приштина“

од Nikola Popovski
281 прегледи

Победнички бојкот или успешен изборен процес? Вакво прашање се поставува после вчерашните избори во општините на северот на Косово, кои беа бојкотирани од Србите. Европската унија (ЕУ) соопшти дека изборите се одржале во согласност со косовската правна рамка и дека се вложени напори да се спроведат уредно и непречено, но во исто време изрази жалење што сите партии и заедници не го искористија своето демократско право да учествуваат и да гласаат на изборите. Од друга страна, српскиот претседател Александар Вучиќ денеска иинформира дека во избирачкиот список има 1.345 лица повеќе отколку што имало пред две години на локалните избори, а од вкупно запишани 45.095, гласале само 13 Срби, што е 0,029 отсто. Според него, ова се тектонски промени и резултатите покажуваат сосема нова, поинаква реалност.

Косовската јавност смета вината за бојкотот на изборите е исклучиво кај официјален Белград. Според колумнистот и политички аналитичар Фадиљ Љепаја, бојкотот беше колективен, а му претходеа насилство и закани кон граѓаните кои беа склони да ги „нормализираат“ односите со соседите. Во разговор за „Локално“ вели дека право на секој поединец е да го оствари своето право на глас, но и доколку не сака да го користи тоа право.

Фадиљ Љепаја

-Во прашање е координирана политика на Српската листа и претседателот на Србија за бојкотот и за притисокот врз Брисел и косовската влада во однос на Унијата, односно политичката и територијалната автономија на Србите на Косово како услов за „нормализација “. Со оглед на тоа што е јасно ставено до знаење дека таква асоцијација не може да помине, тоа се користи како начин за блокирање на преговорите, бидејќи Србија овој пат го смета за несоодветен за каков било договор поради неможноста Русија да влијае на нивниот курс, ни рече Љепаја.

Нагласува дека резултатите од изборите се регуларни и ќе бидат признати од меѓународната заедница, но виновниците за бојкотот, како што вели, ќе бидат Србија и нејзината политика која не прифаќа интеграција на српската заедница во општествено-политичкиот систем и државната рамка на Република Косово.

-За жал, српската страна не ја прифаќа ни одговорноста за предвоените, воени настани на Косово и постојано се обидува да ја преземе улогата на жртва, бегајќи на тој начин од искрен и долгорочен договор меѓу двата соседа, надевајќи се на пресврт во Украина и повторна колонизација на Косово, смета косовскиот аналитичар.

Жртви на таквата политика се пред се, вели Љепаја, самите Срби во Косово, кои поради сето ова не можат да уживаат поголеми права од која било друга малцинска заедница во регионот.

-Не сакам да верувам дека г. Вучиќ искрено не сака европска Србија, но во секој случај не успева да има мнозинство или некого да убеди во неговите искрени, проевропски и демократски намери и ориентација, оценува Љепаја.

Дризан Шала

Косовскиот експерт за безбедност Дризан Шала во разговор за „Локално“ вели дека прашањето за локалните избори на северот од државата, влезе во нова фаза која нужно би произвела сè уште нејасна ситуација врз основа на многу технички околности на постизборниот процес.

-Бидејќи врз основа на член 95 точка 2 од делот каде што е добро опишан процесот на заклетва на претседателот, од моментот на потврдувањето до добивањето на мандатот, има рок од 30 дена и доколку кворумот не е исполнет од пратениците, потоа процесот почнува од почеток, т.е. вонредни избори по тој рок, појаснува Шала.

Според него, на овие локални избори имаме тројца победници и еден губитник.

– Косово доби од внатрешно-политичкиот притисок но и меѓународниот притисок да не се одржат локалните избори врз основа на тензиите создадени во текот на овие 2 години и со посебен акцент по инцидентите со палење автомобили но и информациите кои протекоа во меѓународната арена за сценарија на можни.

Србија, која уште еднаш докажува дека белградската група на чело со Вучиќ и нивните државни и криминални структури го контролира северот. Затоа што не дозволија да се одржат избори држејќи ги под контрола граѓаните од овие општини подалеку од гласачките кутии, ни вели соговорникот.

Додава дека меѓународната заедница извојува решавачка победа врз основа на надежта дека започна имплементацијата на Охридскиот процес како аргумент за евроинтегративниот процес во двете земји.

– Косово беше единствениот губитник бидејќи се докажа дека вистинскиот суверенитет на северот на контролата и припаѓа на Србија, а не на официјална Приштина. Ако се заснова и на тоа што на овие избори учествуваа само 3,5%, тоа докажува дека е победа на „Ахиловата пета“ во целиот овој процес.

Следната средба на 2-ри мај е во продолжение на тие средби на кои за внатрешно-политичка потрошувачка на двете земји ќе се употреби груб јазик, но тоа всушност е доказ за аргумент на претходните средби Курти-Вучиќ имаат многу тајни договори за овој процес, заклучува Шала.

Н.П.

Слични содржини