Многу луѓе го имаат овој проблем, а се влошува во зима кога помалку се движиме.
Метаболизмот е група на хемиски процеси кои влијаат на способноста на телото да ги претвора мастите, шеќерите и протеините во енергија.
Брзиот метаболизам произведува енергија поефикасно, додека бавниот метаболизам речиси и не – што резултира со акумулација на калории.
Во прилог на вообичаените, постојат атипични симптоми на бавен метаболизам. Листата на типични симптоми вклучува: прекумерна тежина, недостаток на либидо, вртоглавица, морници, плитко дишење, грчеви, мускулна слабост, суви очи и засипнатост.
Атипични се: ладни стапала и раце, несоница, бавно движење, говор и мисли, трнење во рацете и нозете, сува кожа, отежнато голтање, губење на апетит, главоболка, губење на косата и влакната, болки во мускулите и зглобовите, запек и слаб имунитет .
Ако сакате да го забрзате метаболизмот, фокусирајте се на ослободување од стресот на што повеќе начини, обидете се да го стабилизирате распоредот за спиење и да внесувате доволно течности во вашето тело. Се препорачува и воведување на секојдневно вежбање и зголемување на мускулната маса, советуваат експертите.
Дополнително, ставете повеќе протеини во чинијата и консумирајте зелен чај и зачинета храна.