Државен удар или пуч (Coup d`etat на француски) е ненадеен и најчесто насилен обид за рушење на власта во една држава.
Пучот најчесто го изведува мала воена или политичка група. Ова е и разликата меѓу државен удар и револуција, во која има масовно народно востание.
Вообичаено, цел на државниот удар е рушење на владата или симнување од власт на диктатор.
Покарактеристични примени за државен удар во изминатите неколку години беа:
- 2009 Хондурас – Армијата на земјата го протера претседателот Мануел Зелеја
- 2012 Мали – Војската го симна од власт претседателот на земјата, Амаду Тумани Туре.
- 2013 Египет – Армијата го симна од власт претседателот Мохамед Морси
- 2014 Тајланд – Тајландската војска ја презема контролата врз владата и го суспендура уставот
- 2014 Јемен – Бунтовниците Хути го соборуваат претседателот на Јемен, Абдрабух Мансур Хади
